Top Sport

Лев: Германија нема да биде меѓу фаворитите на Евро 2020

Германскиот селектор Јоаким Лев вели дека има сличност помеѓу сегашната германска репрезентација и возбудливиот тим од 2010 година, но вели дека „маншафт“ не е меѓу фаворитите за титулата на Европското првенство следната година.

Со победа над Белорусија во Менхенгладбах во сабота, доколку Северна Ирска не успее да ја победи Холандија го потврдува пласманот на Германина на Евро 2020, откако тимот има пет победи во последните седум меча.

Само еден член на репрезентацијата, капитенот Мануел Нојер, има над 30 години и Лев го споредува потенцијалот со тимот кој стигна до полуфиналето на СП во Јужна Африка пред речиси една деценија.

„Денеска сме многу талентиран, амбициозен, гладен тим со голем потенцијал, можеби како тој на СП во 2010. Но, нема да бидеме меѓу фаворитите, иако работиме на тоа. Франција и Англија играат со ист тим со години. Тука се и Холанѓаните и Шпанците, така што борба за титулата е неверојатно тешка“, вели Лев.

Scroll to Top