Германскиот селектор го објави конечниот список на фудбалери со кои ќе ја брани титулата на Светското првенство во Русија.
Лев, со својот избор, ја шокира германската јавност, бидејќи од списокот отпадна еден од најдобрите играчи на англискиот шампион Манчестер сити, Лерој Сане.
Предност во однос на Сане добија Јулијан Дракслер, Марко Ројс, Јулијан Брант и Леон Горецка.
Покрај Сане, последниот филтер на селекторот, не го минаа голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено и неговиот соиграч Џонатан Тан, како и напаѓачот на Фрајбург, Нилс Петерсен.
Leroy Sane DROPPED as Germany announce final 23-man squad for World Cup
Do you think Coach Joachim Lowe is right in dropping the young German sensation?@LeroySane19 @PepGuardiolaBR@oldagibz @dotyoung13 @Its_NjugunaG #RealSportsKE @DFB_Team_EN pic.twitter.com/LRm2vicMKM
— 《181 117》 (@KingWuonHawi) June 4, 2018
Германија на СП ќе игра во Ф-групата заедно со Мексико, Шведска и Јужна Кореја. Светското првенство во русија ќе се одржи од 14.јуни до 15.јули.