Top Sport

Лев: Можеби оваа генерација ќе се распадне по СП

Селекторот на фудбалската репрезентација на германија, Јоаким Лев, не е сигурен дека оваа генерација на фудбалери ќе остане заедно и по завршувањето на Светското првенство во Русија.

Германија, на СП во Русија, ќе ја брани титулата освоена пред четири години во Бразил. Лев со своите фудбалери пред една недела ги започна подготвките во базата во Јужен Тирол, Италија.

До заминувањето за Русија, германија ќе одигра пријателски натпревари против Австрија и Саудиска Арабија. На СП противници на Германија, во Ф-групата, ќе и бидат Мексико, Шведска и Јужна Кореја.

„Имам добро чувство. Не знам што ќе се случи со оваа генерација по СП. Можно е дека ќе се растури, меѓутоа сега играчите се „запалени“ да о освојат СП. Нема потреба да им ја засилувам желбата. Амбицијата е тука, дури и меѓу оние што веќе имаат титула“, рекол Лев.

Scroll to Top