Top Sport

Лев: Нојер е клучен за Германија на Светското првенство

Германскиот селектор, Јоаким Лев, е сигурен дека Мануел Нојер ќе биде подготвен за одбрана на титулата на Светското првенство во Русија следната година, бидејќи е „најдобриот голман на светот“.

„Планот е тој да се врати на тренинзите во февруари или март, така што сè оди според нашиот план. Ќе му дадеме на Ману можност да се врати во тимот, бидејќи е најдобриот голман на светот и наш капитен. Потребна ни е неговата аура во тимот“, вели Лев.

Нојер ќе учествува во зимскиот тренинг-камп на Баерн Минхен во Доха во јануари, но тренерот на тимот, Јуп Хајнкес вели дека нема да се брза со неговиот кам-бек.

Лев пак, вели дека побарал од новиот напаѓач на Баерн, Сандро Вагнер да побара разјаснување каква улога ќе има во тимот.

„Кога беше фит во Хофенхајм секогаш беше во првиот тим, но во Баерн работите можат да бидат поинакви. Се надевам дека ќе добие шанса во тимот, за да добие шанса и во репрезентацијата“, вели Лев.

Scroll to Top