Top Sport

Лев остави отворена врата за Милер, Боатенг и Хумелс

Германскиот селектор, Јоаким Лев инсистира дека ќе го направи најдоброто за репрезентацијата пред Европското првенство следната година околу притисокот да ги врати во тимот Томас Милер, Џером Боатенг и Матс Хумелс.

Триото беше „набркано“ од Лев во март 2019 година по неуспехот на Светското првенство во Русија во 2018 (кога испаднаа по групи), бидејќи селекторот сметаше дека мора да се смета на иднината. Милер (100 настапи), Боатенг (76 настапи) и Хумелс (70 настапи), беа дел од славната генерација на Германија која го освои СП во 2014 година, но тројцата сега имаат по 30 години.

„По 2018 година, која беше многу неуспешна година за нас, решивме да направиме промени. Важно е да се даде шанса на младите фудбалери да се развиваат во овој процес на транзиција. Како на СП во 2010, кога тимот се развиваше, и кој доби искуство и стана шампион во 2014. Тренерот секогаш е првиот одговорен за успехот и неуспехот. Следната година ќе треба да направиме одлука и ќе видиме каков ќе биде тимот. Не знам како ќе биде во март, се надевам дека фудбалерите ќе бидат здрави. Ќе размислуваме тогаш и ќе донесеме одлука. Не, не сум разговарал со нив“, изјави Лев.

Scroll to Top