Напаѓачот на Баерн Минхен, Сандро Вагнер не доби повик за настап за германската репрезентација од страна на селекторот Јоаким Лев, по што објави дека се повлекува од репрезентацијата.
Според Лев, оваа одлука е претерана.
„Можам да разберам дека е разочаран, но не треба да претерува. Ова е критика кон неговите колеги. Тој ги третира германските фудбалери кои играат вечност во тимот и кои го предводеа до титула како апсолутни идиоти“, вели Лев.
Вагнер откако не беше повикан во репрезентацијата одговори со лута прес-конференција. Вагнер имаше осум настапи за Германија, сите под Лев, кој е селектор од далечната 2006 година.
„За мене е јасно дека не се вклопувам со тренерскиот тим бидејќи секогаш сум бил отворен, искрен и критичен“, изјави Вагнер.