Роберт Левандовски уште еднаш побара од неговиот тим Баерн Минхен да инвестира повеќе во пазарот на фудбалери за да може германскиот гигант да остане на исто ниво со најдобрите во спортот.
Левандовски во септември изјави дека германските шампиони мораат да донесат првокласни играчи за борба во Лигата на шампионатот, додавајќи дека парите и успехот во моментов во светот на фудбалот се поважни од лојалноста.
„Не треба да се лажеме. На секој клуб му се потребни врвни играчи на две-три години за освежување на тимот, за носење нова крв, нов квалитет. Денеска Баерн е среќен што го има младиот Џош Кимих за замена на искусниот и прекрасен Филип Лам. Но, тоа е реткост“, вели Левандовски.
Баерн имаше лош старт на сезоната под водство на Карло Анчелоти, кој беше отпуштен по 3:0 поразот од ПСЖ, и сега на чело на тимот е ветеранот Јуп Хајнкес. Со него, Баерн има четири победи во низа во Бундеслигата и се пласираше во нокаут-фазата на ЛШ десетта сезона едноподруго.
„Во моментов имаме навистина добар тим, но сите знаеме дека нашите фудбалери се сè постари“, вели Левандовски.