Top Sport

Левандовски даде гол со рака, па се правеше дека ништо не се случило

Роберт Левандовски несомнено е еден од најдобрите напаѓачи на планетата во моментов, но моментот од мечот против Бенфика во Лигата на шампионите покажува дека знае и да биде циничен и да искористи секаква шанса да се запише во листата на стрелците.

Во финишот на првото полувреме, тој ја смести топката во мрежата на домаќините на „Естадио да Луж“, но судијата по проверката на ВАР снимките го поништи голот. Иронично, Баерн повторно даде гол во 54. минута од мечот, овојпат преку Томас Милер, но тој беше поништен поради офсајд.

Scroll to Top