Top Sport

Левандовски е незапирлива гол-машина, Де Хеа ги спасува Јунајтед, Барса губи…

Роберт Левандовски веќе запиша два гола во првото полувреме на мечот од второто коло во ЛШ на Баерн Минхен против Динамо Киев, продолжувајќи ја неверојатната низа – тој има барем еден гол на сите домашни натпревари на Баварците во календарската 2021.

Левандовски исто така има 50 постигнати голови во 2021 (31 во Бундеслигата, 6 во ЛШ, 6 во квалификации, 3 на ЕУРО 2020, 2 во Суперкупот на Германија и 2 на СП за клубови) и со право е главен кандидат за „Златната топка“ оваа година. Полјакот има и 24 гола во последните 18 меча во ЛШ и 13 гола во девет меча за Баерн во новата сезона во сите натпреварувања.

Додека Баерн го „гази“ Динамо, на големото дерби во Торино помеѓу Јувентус и актуелниот европски шампион нема голови, додека во проблеми се Манчестер јунајтед, кои го имаа Давид де Хеа да ги спасува од негатива против Вилјареал, и посебно Барселона, која во Португалија рано прими гол и губи со 1:0 од Бенфика.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ПО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ЈУВЕНТУС – ЧЕЛСИ 0:0

БАЕРН (М) – ДИНАМО (К) 2:0

Левандовски 12′ (п), 27′

БЕНФИКА – БАРСЕЛОНА 1:0

Нуњез 3′

МАНЧЕСТЕР Ј. – ВИЛЈАРЕАЛ 0:0

САЛЦБУРГ – ЛИЛ 1:0

Адејеми 31′ (п)

ВОЛФСБУРГ – СЕВИЛЈА 0:0

Scroll to Top