Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски го критикуваше сопствениот тренер, Чави поради тоа што нема доволно поддршка во нападот, сакајќи тимот да стартува со повеќе од еден напаѓач.
Полјакот има еден гол во три меча оваа сезона и смета дека не добива доволно поддршка во нападот, сметајќи дека игра многу повеќе кога Феран Торес и Ансу Фати се во составот.
„Ние сме Барса и од нас не се очекува само да победиме, туку и да играме добар напаѓачки фудбал. Во последно време не се работите така поставени и се бориме да создадеме повеќе шанси. Кога Феран или Ансу ќе влезат во игра, тогаш сме подобри. Понекогаш не играме со доволно напаѓачи и немам дволно поддршка, така што ова е идеја за доброто за тимот“, вели 35-годишниот Левандовски за „Мундо депортиво“.