Top Sport

Левандовски ја одјавил Барса, немал ништо против да се пресели во Париз

Роберт Левандовски дава се од себе да им објасни на челниците на Баерн дека по осум успешни години сака да го напушти клубот. Долго време Полјкот се поврзуваше сп Барселона, но изјавите на претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, дека Барса без да го прекрши финансискиот фер-плеј не може да го регистрира, го парават трансферот на напаѓачот на „Ноу Камп“ невозможен.

Француските и германските новинари, во саботата објавија дека ПСЖ се вклучи во трката за потписот на Левандовски и дека напаѓачот нема да се противи на овој трансфер.

„Барселона многу добро знае какви се правилата на Ла Лига и каква е нивната финансиска состојба и што треба да направат за да доведат нови играчи. Не знам дали ќе го продадат Де Јонг или Педри, но знаат што треба да направат. Тие мора да ги зголемат приходите, бидејќи во последните неколку години го зголемија долгот. Нека работата по примерот на Реал. Додека тие ја празнеа касата, Реал ја полнеше. Поради тоа не би можеле да го регистрираат Левандовски“, изјави Тебас минатата недела.

Водечките медиуми во Франција и Германија „Лекип“ и „Билд“, пишуваат за интересот на ПСЖ. Според овие извори францускиот клуб би можел да понуди 40 милиони евра за Левандовски.

Scroll to Top