Top Sport

Левандовски: Ќе играм уште 10 години

Роберт Левандсвки ја одигра најдобрата сезона во кариерата, постигна 55 голови и освои три трофеи со Баерн Минхен. Полјакот рекол дека напорно работел за да ги постигне сите тие успеси.

Сезоната од сништата го прави Левандовски главниот фаворит за „Златната топка“ која за жал оваа година нема да се додели. Очекувано тој ја освои наградата за играч на сезоната во Германија.

„Горд сум, бидејќи секоја година очекувањата од мене се поголеми и поголеми. Работев вредно и напорно за да ги постигнам овие резултати. Целиот тим одигра брилијантно во Бундеслигата и Лигата на шампионите“, рекол Левандовски кој неодамна влезе во 33 година од животот.

„Воопшто не се чувствувам како да имам 32 години. Подобро се чувствувам сега него кога имав 26 години. Тоа не се однесува само на моите години, туку и на нивото на кое играм сега. Давам се од себе за да останам во топ форма уште многу години. Сакам да играм уште 10 години“, рекол Левандовски во интервју за „Кикер“.

Scroll to Top