Напаѓачот на Баерн Минхен Роберт Левандовски вели дека во ниту еден момент не се покајал што не ја напуштил Бундеслигата. Полјакот во Борусија и Баерн се профилираше во еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Во речиси секој преоден рок некој од европските великани покажува интерес за Левендовски, но тој нема намера да го напушта Минхен. Потврдил дека во 2017 година Серхио Рамос и Кристијано Роналдо се обиделе да го убедат да се пресели во Реал Мадрид.
„Да! Може да се замине во шпанската лига или во некоја друга земја, некој друг голем клуб, но за мене тоа не беше најважно. Тука каде што сум можам да го достигнам својот максимум и сакам да играм добро. Јас сум во еден од најдобрите клубови во светот и знам дека тука можам да бидам среќен. е е на високо ниво од составот на тимот до инфраструктурата“, рекол Левандовски.
Во тековната сезона Левандовски има постигнато 39 гола, 25 од нив во Бундеслигата.