Ѕвездата на Барселона, Роберт Левандовски признава дека сите ги следат трансферите во Саудиска Арабија, но додава дека таков богат трансфер не е за него.
„Нема проблем. Не размислувам за тоа, бидејќи зошто би размислувал? Посебно бидејќи имам долгогодишен договор со Барселона. Гледам што се случува со Саудиска Арабија, но тоа не ме загрижува бидејќи имам други приоритети во моментов“, вели Полјакот.
34-годишниот Левандовски има уште три години од договорот со каталонскиот клуб и би сакал да додаде уште некоја титула по таа од Ла лига и од Суперкопа.