Top Sport

Леванте (без Барди) се враќа на победите (видео)

Смената на тренерот направи „чуда“ во Валенсија, откако тимот на Леванте стигна до својата втора победа во низа, откако претходно на 16 меча немаше остварено триумф.

Франциско Хозе Лопез Фернандез стартуваше со победа над Хетафе, а во петокот навечер ги предводеше своите фудбалери до 2:1 победа над Еибар за намалување на стравот од испаѓање од лигата.

Македонскиот интернационалец Енис Барди, кој играше клучна улога во добриот старт на шампионатот на Леванте, повторно не беше во составот, но за разлика од претходниот тренер Хуан Рамон Муњиз, Лопез барем го стави на клупата.

Леванте дојде во водство во 25. минута преку Рохер, кој излезе сам пред противничкиот голман, но гостите успеаја да израмнат во 63. минута преку Шарлс. Радоста на гостите траеше кратко – веќе во следната минута младиот Емануел Боатенг го постави конечниот резултат.

Леванте останува на 17. место во Ла лига, но сега со удобни 7 поени предност пред 18-пласираниот Лас Палмас.

Фото: ЕПА

Scroll to Top