Top Sport

Леванте има нов тренер

Леванте го го назначи Хавиер Переира за нов тренер. Тој на клупата го замени Пако Лопез, кој доби отказ поради лошиот старт во новата сезона. Леванте, по осум кола е без победа и со четири бода се наоѓа на 18.место во Примера.

Леванте со новиот тренер, Переира, потпишаа договор до крајот на сезоната, со опција договорот да биде продолжен до крајот на сезоната 2023/2024.

Переира има 55 години, а во кариерата најчесто бил асистент. Како асистент, во периодот 2011-2013 работел токму во Леванте.

Прв тренер бил само во Алавас 2009-2010 и во Хенан од каде што се пресели во Леванте.

Scroll to Top