Top Sport

Леванте не успеа да ги победи ниту Леганес

Тимот на Леванте иако поголемиот дел од второто полувреме го играше со играч повеќе не успеа да го совлада Леганес и останува без победа од 21 септември (кога беа подобри од Реал Сосиедад).

Амрабат беше исклучен во средината на второто полувреме, но тимот од Валенсија не успеа да ја пробие одбраната на Леганес, за на крајот и тие да останат со играч помалку по исклучувањето на Кампања во 90-тата минута. Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра поголемиот дел од второто полувреме.

Scroll to Top