Top Sport

Леванте, пак без Барди, не ја прекина лошата низа (видео)

Леванте, повторно без македонскиот репрезентативец Енис Барди, не ја прекина „клетвата“ и им „избега“ победата во 1:1 ремито со Еспањол, за да имаат низа од 15 меча без победа, но привремено излегоа од зоната за испаѓање.

Тимот од Валенсија имаше одличен старт на сезоната, кога за нив блескаше и Барди, но потоа падна во тешка криз и во последните три меча немаше постигнато гол.

На „Сиутат де Валенсија“ веруваа дека, конечно, имаат три поени, откако Хозе Моралес постигна гол од пенал во 55. минута од мечот, но надежите на 17-те илјади фанови ги урна Лео Баптистао со гол во 91. минута за поделба на поените.

Фото: ЕПА

Scroll to Top