Фудбалерите на Леванте, без повредениот Енис Барди, славеа во дуелот со Хетафе 3:0. Ова е прва победа за Левенте по пауза од два месеци, а само втора во првенството, во 12 одиграни натпревари.
Натпреварот во Валенсија, беше решен во првите 17 минути. Најпрвин Роџер Марти донесе предност за Леванте во резултатот, а потоа Чема доби црвен картон и домаќинот стекна со предност и на теренот. Во 17 минута Алкон ја зголеми предноста на Леванте.
Третиот гол за Леванте го постигна Де Фрутос во 57 минута.
Хетафе мечот го заврши со двајца играчи помалку, во 77.минута поради вториот жолт картон исклучен беше Џене Даконам.
Леванте со овоаа победа избега од опасната зона, до која се добилижи Хетафе, кој шет натпревари не знае за победа.