Top Sport

Леванте со минимална предност над Барселона (видео)

Одлуката на Ернесто Валверде да ги одмори своите први ѕвезди за првиот меч од осминафиналето на Копа дел Реј може да се покаже како кобна, откако во Валенсија, Леванте стигна до 2:1 победа со фантастичен старт на мечот.

Ерик Кабако ги донесе Леванте во водство уште во четвртата минута од мечот, додека Борха Мајорал во 18. минута го зголеми водството. Сепак, Барса обезбеди позитивен резултат пред реваншот на „Ноу Камп“ откако во 85. минута од мечот, Филипе Кутињо намали на 2:1 со гол од пенал. Во тимот на Леванте отсуствуваше македонскиот репрезентативец, Енис Барди.

Претходно, Атлетик Билбао доживеа незгоден домашен пораз од Севилја (1:3), додека Реал Бетис и Реал Сосиедад одиграа без голови.

КОПА ДЕЛ РЕЈ, 1/8 ФИНАЛЕ, ПРВ НАТПРЕВАР

Атлетик Билбао – Севилја 1:3

Бетис – Реал Сосиедад 0:0

Леванте – Барселона 2:1

Фото: ЕПА

Scroll to Top