Патрик Шик го комплетираше трансферот од Рома во Баер Леверкузен за 26.5 милиони евра плус 10 отсто од секоја идна продажба на чешкиот напаѓач.
Шик минатата сезона ја помина во Бундеслигата, како позајмен фудбалер во РБ Лајпциг, но тие решија да не ја активираат клаузулата за откуп на договорот.
24-годишниот Шик пристигна во Рома во текот на летото 2017 од Сампдорија на позајмица со обврска за купување за 42 милиони евра, и за Рома имаше 58 настапи и постигна 8 гола. Минатата сезона со Лајпциг тој имаше 10 гола во 28 меча.
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04fussball) September 8, 2020