Top Sport

Леверкузен го шутна Херлих, Петер Бос е новиот шеф

Баер Леверкузен потврдија дека поранешниот тренер на Ајакс и на Борусија Дортмунд, Петер Бос од 4 јануари ќе го смени Хајко Херлих и покрај тоа што досегашниот тренер им донесе три победи во последните четири меча.

„Фармацевтите“ се деветти во Бундеслигата пред зимската пауза откако во саботата ја победија Херта Берлин, но тоа не беше доволно Херлих да ја задржи работата. Бос, кој имаше одлична сезона со Ајакс во 2016/17, пред да има фијаско од половина сезона во Дортмунд кои го отпуштија во декември 2017 има договор до 2020 година.

„Хајко Херлих беше клучен минатата година по тешката сезона, но за жал стагнацијата во развојот на тимот не примора да направиме промени“, вели спортскиот директор на клубот, легендарниот Руди Фелер.

Фото: ЕПА

Scroll to Top