Баер Леверкузен на Чаби Алонсо ја декласираше Херта Берлин со 4:1 за само втора победа во последните шест меча во Бундеслигата.
„Фармацевтите“ дојдоа до брзо водство преку Сардар Азмун по само 12 минути игра, за Џером Фримпонг во 21. минута да зголеми на 2:0. Муса Дијаби во 61. минута зголеми на 3:0, пред Херта да ја врати надежта со гол од пенал во 67. минута преку Доди Лукебакио. Меѓутоа, замената Амин Адли во 77. минута стави точка на мечот за 4:1.
Баер сега се 9. во Бундеслигата со 31 поен, додека Херта е на 14. место со 20 поени, само еден над зоната за испаѓање.