Каи Хаверц од Баер Леверкузен е еден од најдобрите млади играчи во светот. Германскиот репрезентативец неодамна го освои третото место во традиционалниот избор на „Тутоспорт“ за наградата „Златно момче“. Пред него беа лауреатот Жоао Феликс и Џејдон Санчо.
Хаврец наскоро би можел да го напушти Леверкузен. Интересот за неговите услуги не го кријат Манчестер Јунајтед, Манчестер сити, Баерн, Реал и Барселона. Претставници на овие клубови, според „Билд“, имале разговори со менаџерот на 20 годишниот фудбалер.
Од трката за потписот на Хаверц се откажа само Ливерпул. Тие вчера потпишаа договор со Јапонецот Такуми Минамино.
Челниците на еввропскиот првак долго време го следеа Хаваерц, а се откажале од евентуалниот трансфер бидејќи бил прескап.
Германските медиуми пишуваат дека Леверкузен ќе му овозможат трансфер на Хаверц но само доколку некој за него им плати 130 милиони евра.
Од почетокот на сезоната Хаверц одиграл 16 натпревари за Леверкузен на кои постигнал три гола.