Top Sport

Леверкузен успеа да „прокоцка“ 0:2 водство кај Келн

Баер Леверкузен за две минути дадоа два гола за да имаат 0:2 водство на гости кај Келн, за да го „прокоцкаат“ во второто полувреме за импресивен 2:2 камбек на „јарците“ во 9. коло од Бундеслигата.

Чешкиот ас Патрик Шик во 15. минута ги донесе „фармацевтите“ во водство, а само две минути подоцна, Кевин Белараби да донесе убедлива 0:2 предност. Но, Келн не се откажа и во второто полувреме, Французинот Антони Модест постигна два гола, првиот во 62., а вториот во 83. минута за поен за домаќините.

Баер останува на четвртото место на табелата со 17 поени, додека Келн се осми со 13 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top