Top Sport

Леви: Тотенхем ќе гради иднина со Кејн и Али

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви инсистира дека неговиот клуб нема да ги продаде своите најголеми ѕвезди Деле Али и Хери Кејн, бидејќи преку нив ќе се гради иднината на клубот, кој следната сезона очекува деби на нивниот нов стадион.

Реал Мадрид посебно беа заинтересирани за голгетерот Кејн, со споменувани суми од над 200 милиони евра, додека Пари Сен-Жермен го „фрли окото“ кон Али.

Леви вели дека на Тотенхем не му се потребни пари, и дека нема шанси да се продадат најдобрите играчи пред преселбата на новиот „Вајт Харт Лејн“ на стартот на 2018/19.

„Сигурен сум 100 отсто дека нема да ги продадеме. Сите играчи кои сакаме да ги задржиме можам да ве уверам дека ќе играат за Тотенхем следната сезона“, вели Леви.

Scroll to Top