Top Sport

ЛГБТ и активистот Магаљаеш го тужат Нејмар за хомофобија

ЛГБТ и активистот Агрипино Магаљаеш, пред судот за правда во Сао Паоло, поднеле тужба против Нејмар. Магаљаеш тврди дека поради Нејмар бил жртва на вооружен напад.

Магаљаеш во тужбата навел дека хајката против него започнала кога го обвинил Нејмар за хомофобија. Покрај Нејмар, Магаљаеш го обвинил и адвокатот на фудбалерот, Дави да Павија Коста Тангерина. Тврди дека адвокатот му упатил смртни закани.

Магаљаеш бара Нејмар да го обесштети со 1.000.000 долари.

Пред почетокот на судењео, Магаљаеш на медиумите им изјавил дека живее во постојан страв, поради смртните закани кои ги добива и тврди дека по налогот на нејмар и неговиот адвокат неколку пати бил ограбен. Поради тоа тој често го менувал своето живеалиште.

Постои снимка на која Нејмар со своите пријатели го навредува поранешното момче на својата мајка, Тијаго Рамос. Поради хомофобните шеги, Магаљаеш го пријавил Нејмар.

Во тој разговор Нејмар вели дека хомосексуалците треба да бидат убиени.

Scroll to Top