Top Sport

Лидс без милост за Кардиф во преиграниот меч во ФА купот

Премиерлигашот Лидс јунајтед го мина третото коло на ФА купот, откако во повторниот меч на „Еланд Роуд“ со лесни 5:1 ги совладаа Кардиф, во меч во кој блесна младиот италијански репрезентативец Вилфрид Њонто. Ова доаѓа откако во првиот меч во Велс, Лидс едвај спаси 2:2 реми.

19-годишниот Њонто уште во првата минута го донесе тимот на Џеси Марч во водство, за Родриго во 34. минута да зголеми на 2:0, за Њонто да го запише вториот гол во 36. минута. Патрик Бамфорд постигна уште два брзи гола во 71. и 76. минута за 5:0, пред Кардиф да вратат два гола преку Крис Робинсон во 84. минута и 93. минута со гол од пенал.

Scroll to Top