Top Sport

„Лидс е поголем клуб од Манчестер сити“

Џими Флојд Хаселбајнк, поранешен репрезентативец на Холандија, тврди дека Лидс Јунајтед е поголем клуб од Манчестер сити.

Екипата од „Еланд Роуд“ под водство на Марсело Бијелса по пауза од 16 години официјално се врати во Премиер лигата. Хаселбајнк дресот на Лидс го носеше во перидот од 1997 до 1999 година. Холанѓанецот е пресреќен што Лидс успеа да се врати во елитата.

„Лидс е единствениот голем клуб од Јоркшир. Луѓето треба да бидат горди. Погледнете го Лондон, има безброј клубови. Манчестер ги има Јунајтед и Сити, а Ливерпул ги има Евертон и Ливерпул. Лидс го има само Лидс и кој е роден таму навива до смрт за овој клуб“, рекол Хаселбајнк и дополнил.

„Лидс Јунајтед е поголем клуб од Манчестер сити. Како клуб имаат поголем потенцијал од нив. Атмосферата е единствена, никаде нема толку бучава како на „Еланд Роуд“. Навивачите се луди по Лидс“.

Лидс во историјата три пати била шампиони во Англија, последен пат тоа се случило во 1992 година.

Scroll to Top