Top Sport

Лидс инсистираат: Мора да има испаѓање и влегување во Премиер лигата

Претседателот на Лидс јунајтед, Ангус Кинир инсистира дека мора да се почитува интегритетот на „фудбалската пирамида“ во англискиот фудбал, односно со други зборови да не се одземе шансата на неговиот клуб да влезе во Премиер лигата доколку дојде до целосно откажување на сезоната.

Лидс се во најдобра можна позиција за враќање во Премиер лигата првпат по испаѓањето во 2004 година, откако на девет меча пред крајот на сезоната, тие се на првото место на табелата со поен пред Вест Бромвич Албион и седум пред третопласираниот Фулам. Првите две екипи во Чемпионшип директно влегуваат во лигата.

Од друга страна, потпретседателката на Вест хем, тим кој се бори за опстанок во Премиер лигата, побара лигата да се прогласи за поништена и да нема ниту испаѓање, ниту влегување во елитата. Во Лидс, секако, не се согласуваат.

„Од наша перспектива клучно е сезоната да биде комплетирана и мислам дека сите се сложуваат со тоа. Не би сакал да шпекулирам и мора да се пријде со разум. Сепак, мора да се почитува фудбалската пирамида и финансиската сигурност на клубовите“, вели Кинир.

Алиоски и соиграчите тренирале со полна пареа

Scroll to Top