Лидс јунајтед, славниот англиски клуб кој во 1970-тите и 1980-тите имаше прекар „Dirty Leeds“ (валканиот Лидс) поради физичкиот стил на игра, очигледно стои на својата традиција, поставувајќи рекорд по бројот на картони на вчерашниот меч против Челси.
Во средата навечер, тие добија црвен картон кога Даниел Џејмс го собори Матео Ковачиќ, а жолт картон доби и Калвин Филипс при 0:3 поразот, кој ги остава во зоната за испаѓање на два меча пред крајот на сезоната. Тие картони беа 99. и 100. во сезоната 2021/22, што е апсолутен рекорд во историјата на клубот.
Лидс имаат 97 жолти и 3 црвени картони оваа сезона, откако претходно на мечот со Арсенал станаа првиот клуб во Премиерлигата со 98 картони во една сезона, соборувајќи го рекордот на Дерби каунти од 1999/2000 од 97 картони.