Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), со ждрепка, ги одреди полу-финалните двојки во Лига купот. Пласман во полу-финалето изборија клубовите од Манчестр, Сити и Јунајтед, односно Тотенхем и Брентфорд.
Тотенхем на Жозе Мурињо имаше среќа и за противник го доби членот на Чемпионшип дивизијата, Брентфорд, додека во второто полу-финале ќе играат Јунајтед и Сити.
Натпреварите ќе се одиграат на 4.јануари.