Top Sport

Лига на нации: Трета победа за Црна Гора, Кипар падна во Луксембург

Репрезентациите на Црба Гора и Азрбејџан забележаа победи во третото коло, во Групата 1 од Ц-сегментот во Лигата на нации.

Црногорците до третата победа во групата дојдоа со головите на Јоветиќ во деветтата и Ивановиќ во 72 минута.

Луксембург со идентичен резултат го победи Кипар. Стрелецот на двата гола беше Синани во 12 и 26 минута.

Црна Гора ја предводи оваа група со девет бодови, шест има Луксембург, три Азербејџан, додека Кипар нема ниту еден бод по првите три кола.

Scroll to Top