Top Sport

Лига на нации: Македонија отвора и затвора против Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација вчера ги дозна противниците со кои ќе се соочи во второто издание во Лигата на нации. Во Ц-сегментот, Македонија во Групата 2 ќе игра против Грузија, Ерменија и Естонија.

Како и првото и второто издание во Лигата на нации ќе се игра од септември до ноември. Македонија овој циклус ќе го отвори и ќе го затвори против Ерменија.

Ерменија ќе гостува во Скопје на 5 септември од 15 часот. Потоа Македонија ќе гостува во второто и третото коло, во Грузија и Естонија на 8 септември и 8 октомври. Мечот со Грузија ќе започне во 18, а со Естонија во 20:45 часот.

Во четвртото и петтото коло Македонија ќе ги пречека Грузија (11 октомври, 18 часот) и Естонија (13 ноември, 20:45 часот).

Овој циклус Македонија ќе го заврши во Ереван на 16 ноември. Дуелот против Ерменија ќе започне во 18 часот.

Scroll to Top