Top Sport

Лил го суспендираа тренерот Биелса

Францускиот прволигаш Лил го суспендираше својот тренер Марсело Биелса по слабиот старт на сезоната.

Тимот од северот на Франција е претпоследен во Лига 1 откако загуби 7 од првите 13 мечеви оваа сезона, и во соопштението на тимот не се дава дополнително објаснување, иако по сè изгледа на Аргентинецот му се подготвува отказ.

Биелса, кој покрај работата како селектор на Аргентина и Чиле беше и тренер на Марсеј во 2014/15, беше именуван за тренер на Лил во текот на летото.

Scroll to Top