Top Sport

Лил ја одреди цената, се чека реакцијата од Арсенал

Крилниот напаѓач на Лил, Николас Пепе (23), игра во животна форма, полу-сезоната ја заврши со 12 гола и пет асистенции, поради што го провлече вниманието на неколку врвни европски екипи.

Најмногу интерес за овој играч од Брегот на Слонова коска покажувале од Арсенал. Лил нема да се противи на евентуалниот трансфер, но само доколку биде платена вистинската цена.

„Тој вреди 80 милиони евра, но клубот што ги има тие пари ќе треба да го убеди и него“, рекол спортскиот директор на Лил, Луис Кампос.

Лил на половина од сезоната се наоѓа на второто место на табелата со 34 бода, 13 помалку од лидерот Пари Сен Жермен, а два повеќе од трето-пласираната екипа на табелата, Олимпик Лион.

Scroll to Top