Претседателот на Лил, Оливие Летанг, најави дека не е „невозможно“ францускиот клуб да го обезбеди камбекот на Еден Азар, и така да стави крај на неговиот кошмар на „Сантијаго Бернабеу“.
Азар подолго време е мета на многу шпекулации околу трансфер од Реал Мадрид, посебно по доаѓањето на Карло Анчелоти на клупата, а Њукасл и Вест хем беа споменувани како можни клубови кои би го вратиле во Премиерлигата. Сега, Лил влегува во игра.
„Враќање на Азар во Лил? Тоа не е невозможно. Ако е потребно, лично ќе одам во Шпанија и може да се случи нешто. Се работи, како што сите знаат за неверојатен фудбалер со многу квалитети. За жал, во моментов тој е под договор со Реал Мадрид“, вели Летанг а „Л’Екип“.
Азар ја почна професионалната кариера со францускиот клуб, откако две години беше во локалната школа на Лил. Тој играше пет сезони во првиот им на Лил, постигнувајќи 20 гола во 2011/12, пред Челси да го купи и да го донесе во Премиерлигата, каде што играше седум години, освојувајќи две титули од Премиерлигата и два ФА купа.