Лил, во Париз, го победи ПСЖ со 1:0, во дербито на 31.коло. По ова коло, Лил повторно се лидери во францускиот шампионат, со три бода повеќе од ПСЖ. До крајот на сезоната во Франција ќе се води интересна борба за титулата, бидејќи четири бода помалку од Лил има Монако, а шест и натпревар помалку Лион.
Натпреварот на „Паркот на Принцовите“ го реши репрезентативецот на канада, Џонатан Дејвид во 20.минута. Тоа беше единствениот удар во рамките на голот, што го упатија играчите на Лил во првиот дел, во кој ПСЖ два пати се закани преку Мбапе.
Во второто полувреме Кејлор Навас со фантастична одбрана го спречи Бурук Јилмаз во 79.минута да постигне гол.
Во последната минута беа исклучени Нејмар и Дјало.