Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Виктор Линделоф изддржа тешка сезона со „ѓаволите“ во која беше на удар на критиките за своите перформанси, но надвор од теренот тој е вистински херој.
Централниот бек се врати во Шведска во својот роден град Вастерас со неговата сопруга Маја и нивниот син, и во понеделникот беше испофален како херој во локалните медиуми откако помогнал на локалната полиција да уапси еден крадец.
Човек на велосипед се обидел да грабне торба од една стара жена, а Линделоф кој бил во близината, успеал да го стигне трчајќи и да го заддржи пет минути додека не пристигнала полицијата.
„Полицијата сака да се заблагодари на сведокот за брзата интервенција“, објави полицијата во Вастерас.
The Manchester United defender chased down the thief while they were cycling away. https://t.co/7H7i0g7Phf
— SPORTbible (@sportbible) August 24, 2020