Top Sport

Лингард демантира дека побарал „одмор“ од Рангник

Џеси Лингард е последниот фудбалер на Манчестер јунајтед кој јавно му се спротистави на преодниот менаџер Ралф Рангник, откако демантираше дека му биле потребни слободни денови откако му беше блокиран трансферот во Њукасл на последниот ден од преодниот рок.

Рангник изјави дека на Лингард му е потребно малку време да ја „исчисти главата“ откако бордот на клубот реши да го заддржи до крајот на сезоната, кога ќе биде слободен играч, но 29-годишниот Англичанец со објавата на Твитер уште повеќе ги искомпликува работите.

„Клубот ми советуваше да се одморам поради лични причини! Но, мојата глава е чиста и секогаш ќе бидам професионалец и ќе дадам 100 отсто кога ќе ме повикаат“, пишува Лингард.

Лингард се врати на „Олд Трафорд“ во текот на летото, откако помина половина сезона со Вест хем, но имаше само 273 минути оваа сезона под Рангник и неговиот претходник Оле Гунар Солскјер.

Scroll to Top