Top Sport

Лингард или Лингардињо? Прекрасен седми гол за Вест хем!

Џеси Лингард продолжува со својата неверојатна форма во дресот на Вест хем, откако постигна апсолутно прекрасен гол за „чеканите“ да поведат со 1:0 над Лестер во битка за топ 4 пласман.

Седмиот гол на Лингард, кој во јануари пристигна како позајмен фудбалер од Манчестер јунајтед, можеби беше најубавиот досега. Во само десет меча за „чеканите“, Лингард има 7 гола и 3 асистенции – само Хери Кејн има исто толку голови во последните 10 меча.

Вест хем би сакале да го заддржат Лингард и следната сезона, иако се верува дека Арсенал се многу поблиску до неговиот потпис.

Scroll to Top