Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард признава дека маките на клубот со тимовите од средината и долниот дел од табелата се јасни и дека тоа доаѓа поради преголемата самодоверба на неговите соиграчи.
Ова доаѓа откако „ѓаволите“ во текот на викендот загубија со 2:0 од последнопласираниот Вотфорд во текот на викендот, а претходно ги победија Тотенхем и Манчестер сити.
„Тоа е чудно. Сигурно е ментална работа, начинот на кој приоѓаме кон мечот како веќе да сме победиле. Да ја заддржевме постојаноста и менталитетот како против Сити и Тотенхем можеме да победиме во секој натпревар. Мораме да имаме иста сила против тимовите од средината на табелата, и кога ќе стартуваме со таква енергија тогаш можеме да победиме било кого“, вели Лингард.
Јунајтед се на седмото место на табелата, седум поени зад Челси, кои се на четвртото место пред дуелот со Њукасл утре (18.30 часот).