Top Sport

Лингард: Роналдо е во фудбалот тоа што Мајкл Џордан е во кошарката

Кристијано Роналдо претставува „Мајкл Џордан во светот на фудбалот“, вели неговиот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Џеси Лингард, оценувајќи дека Португалецот е „вистинска икона“ кај фановите и играчите.

Лингард на почетокот на својата кариера работеше со Роналдо на „Олд Трафорд“, пред Португалецот да направи трансфер во Реал Мадрид, па во Јувентус. Со сите клубови во кои играше, Роналдо освојуваше трофеи, а за индивидуалните квалитети доби пет „Златни топки“.

„Дали има некој кој наликува на Џордан во светот на фудбалот? Би морал да кажам дека тоа е Кристијано. Поради тоа што го оствари во својата кариера, сите трофеи во сите клубови. За мене тој е вистинска икона во светот на фудбалот. Кога дојде во Јунајтед јас имав 11 или 12 години. Снимавме ДВД-а со неговите потези и тој не учеше. Тоа беше првпат да го видам и веднаш знаев дека се работи за посебен фудбалер“, вели Лингард.

Scroll to Top