Џеси Лингард го постигна својот прв гол во Премиер лигата во 98. минута од последниот меч од сезоната (со кој Манчестер јунајтед го потврди местото во ЛШ), само потврдувајќи дека 2019/20 беше неговата најлоша сезона во кариерата.
27-годишниот фудбалер кој доаѓа од школата на Јунајтед, оваа сезона го загуби местот во првиот тим со само девет старта во Премиер лигата и со огромен број на критики од фановите и новинарите. Преку Инстаграм, тој призна дека поминал многу тешка сезона.
„Оваа сезона беше тешка поради толку многу причини. Се загубив како човек и фудбалер, но не сакав да се предадам бидејќи знаев кој треба да бидам и што треба да направам да се вратам таму. Ова значеше дека работев понапорно и верував во најблиските“, пишува Лингард на Инстаграм.
Во декември Лингард призна дека морал да преземе поголема одговорност за својот помлад брат поради болеста на неговата мајка. Тој беше поврзуван со трансфер од „Олд Трафорд“, но засега не е јасно дали е во плановите на Оле Гунар Солскјер за следната сезона.