Top Sport

Лион го менуваат Блан со Џенаро Гатузо?

Француските медиуми тврдат дека Лион се подготвени да му дадат шанса на поранешниот тренер на Милан, Наполи и Валенсија, Џенаро Гатузо како замена за актуелниот тренер, Лорен Блан.

Џон Текстор, сопственикот на Лион (и на премиерлигашот Кристал палас), е незадоволен од перформансите на Блан, посебно по 4:1 поразот од Пари Сен-Жермен на домашен терен, а во исто време е и близок пријател на агентот на Гатузо, Португалецот Жорге Мендеш, така што преговорите би течеле лесно.

Покрај Гатузо во игра биле и поранешниот шпански селектор Хулен Лопетеги, кој си замина од Вулверхемптон, Тијаго Мота, како Оливер Глазнер.

Scroll to Top