Лион се пласираше во полуфиналето на Купот на Франција, откако успеа да извлече минимална 1:0 победа над стариот ривал Марсеј и покрај тоа што утнаа обид од пенал.
Откако првото полувреме помина со малку шанси, посебно од страна на гостите, Лион имаше совршена шанса да дојде до предност во 70-тата минута, но Муса Дембеле не беше прецизен од белата точка.
Сепак, 11 минути подоцна, по една убава акција, Лион стигна до клучната предност, откако Ауар одлично погоди за 1:0. Покрај Лион во полуфиналето на Купот на Франција се пласираа и Рен и ПСЖ.