Top Sport

Лион ќе добие милион евра од Реал поради 13 години стара клаузула во договорот на Бензема

Реал Мадрид ќе им исплатат дополнителни 1 милион евра на Лион поради клаузула во договорот за трансферот на Карим Бензема во „кралскиот“ клуб пред 13 години во 2009 година.

Мадрид тогаш плати рекордни за францускиот фудбал, 35 милиони евра, но со дополнителните клаузули овој договор можеше да вреди 41 милиони евра. Според „Л’Екип“, Реал ќе треба да им исплатат дополнителни милион евра откако Бензема ја освои својата прва „Златна топка“.

Претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола по победата на Бензема изјави дека секогаш верувал дека тој ќе го следи Зинедин Зидан и Мишел Платини со „Златната топка“, иако тоа дојде на негови 34 години.

„За нас ова е голема гордост и емоција, бидејќи Карим е дете на ОЛ. Тој е дете кое го гледавме како расте и станува неверојатен фудбалер. Го гледавме како успева во речиси се што се обиде. Бидејќи сме тимот кој му го даде првиот договор, ние сме горди“, изјави Ола.

Инаку навивачите на Лион ја прославија победата на Бензема на улиците на градот.

Scroll to Top