Лион потврдија дека преговараат со Атлетико Мадрид за продажба на Муса Дембеле на лидерите во шпанската Ла лига, како замена за Диего Коста, кој го прекина договорот со клубот минатиот месец.
Бидејќи тимот на Диего Симеоне се бори за титули во повеќе натпреварувања (освен Копа дел реј) и потребна му е поддршка на Луис Суарез во нападот, а поранешниот фудбалер на Фулам е совршено решение за тоа. Спортскиот директор на клубот, Жунињо, потврди дека има преговори по 2:2 ремито со Рен.
„Муса мисли дека е вистинско време да го смени тимот бидејќи загуби дел од мотивацијата. Искрено, не го предвидовме ова, бидејќи мене многу ми се допаѓа како фудбалер. Не е идеално да заддржуваш некого кој не сака да биде во тимот следните пет месеци и мислам дека тој веќе има согласност со Атлетико“, изјави Жунињо.
Лион ќе мора да најде замена за Дембеле ако сака да ја продолжи битката со ПСЖ за француската титула, каде што имаат поен предност пред ПСЖ по 19 кола. Една опција е Ислам Слимани од Лестер.