Top Sport

Лион води против Јуве, без голови на „Бернабеу“ во првите 45 минути (видео)

Лион стигна до неочекувано водство против фаворизираниот Јувентус на „Групама“, додека судирот на гигантите Реал Мадрид и Манчестер сити остана без голови во првите 45 минути од првите мечеви во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Лион успеа да дојде во водство во 31. минута од мечот, кога по убавото нафрлање на Хусем Ауар, Лукас Тусар лесно го совлада немоќниот Војчех Шчесни.

Во Мадрид пак, двата тима имаа одлични шанси за гол. Прво во 21. минута, Кевин де Брујне одлично го пронајде Габриел Жесус, чиј удар одлично го одбрани Тибо Куртоа. Мадрид во 31. минута имаше фантастична шанса кога Менди го пронајде Бензема, но повторно голманот беше во фантастична форма, Едерсон ја исфрли топката, која пак Винисуис не успеа да ја смести во мрежата.

Scroll to Top