Поранешниот италијански селектор, Марчело Липи, открил на кого му го дал својот глас, во изборот на ФИФА за играч на годината.
Актуелниот селектор на Кина, најмногу поени му доделил на тинејџерската сензација од ПСЖ, Килијан Мбапе.
„Во изборот на ФИФА јас гласав за Мбапе. Тој е следниот Кристијано Роналдо, не гледам друг играч што толку многу потсетува на Роналдо од него“, изјавил тој за Италијанските медиуми.
Марчело Липи е еден од најценетите светски стручњаци, а најголемиот успех го постигна во 2006 година кога како селектор ја предводеше Италија до светската титула.